Пребарувај по датум:
2021-09-14

Сеќавање на 11 септември

Сеќавање на 11 септември

Низ изминативе тринаесет години, преку заедничката иницијатива за одржување на крводарителска акција со Амбасадата на САД во Скопје, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, станавме препознатливи во заедницата како еден позитивен пример за индивидуална и општествена одговорност.

Почетоците на оваа соработка беа во 2009 година, поврзани со американскиот национален ден за служба и сеќавање на жртвите од 11 септември.

Оваа година, заради пандемијата со Ковид19, акцијата е поделена на два дела. Првиот дел се реализираше во Амбасадата каде 19 лица даруваа крв, меѓу кои и амбасадорката на САД во Скопје г-ѓа Кејт Брнз, генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и лица вработени во амбасадата.Вториот дел од крводарителската акција ќе се случува денес и во наредните два дена во ДХО Даре Џамбаз каде припадници на армијата, полицијата, пожарникарите и други лица ќе даруваат крв.

Изјава за медиуми беше дадена од страна на секретарот на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, американската амбасадорка во Скопје г-ѓа Кејт Брнс и др. Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина, преку која заеднички упатија апел за хуманост, солидарност и меѓусебна поддршка особено во овој период.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.