Пребарувај по датум:
2021-09-03

Поддршка на евакуираните граѓани од Авганистан

Поддршка на евакуираните граѓани од Авганистан

Црвениот крст се вклучи во поддршка на евакуираните граѓани кои пред некој ден пристигнаа од Авганистан во нашата земја. По пристигнувањето, секое лице доби информативен пакет за заштита од Ковид -19 во земјата, маски и средства за дезинфекција. Во местото на нивниот престој отворено е катче за деца во кое има играчки и едукативен материјал, а одреден број волонтери ќе работат со децата. Отворено е и инфомативно катче со компјутери и телефони за полесна комуникација. За лицата се обезбедува медицинска нега и поддршка во соработка со Министертво за здравство, а доколку е потребно се користат и психолози за психосоцијална помош и поддршка. Лицата во континуитет се помагаат со облека, чевли и хигиенски средства. Тимот на Црвен крст е присутен со 30 волонтери кои функцуионират во три смени по осум часа.

Секаде каде што сме потребни.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.